Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Бучинци. Претставува градиште од раноантичкото време и римското време. На 100 метри западно од селото, на доминантна височинка со зарамнето плато се среќаваат делови од керамички садови каректеристични за раноантичкото и римското време. На подножјето на градиштето од источната страна, во лозјата на тројца жители се среќаваат делови од керамички садови и градежен материјал (тегули, имбрекси, а и монети од Јустинијан I).

Поврзано Ограда - утврдена населба - опидум од раноантичкото време; Бучинци; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.

Наводи