1921 Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија. 1946 Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). 1979 Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето. 1987 Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата. 1995 Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 1995 Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина. 2000 Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим. 2008 Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.
11 јули