Кокшетау (Сина планина на казашки јазик, казашки: Көкшетау; руски: Кокшета́у) порано познат како Кокчетав (руски: Кокчета́в) (1827–1993), е град во северен Казахстан и престолнина на Акмолинската Област, лежи на север од ридовите Кокшетау, на јужните брегови на езерото Копа и јужниот раб на стеата Есил (Ишим). Исто така се наоѓа на раскрсницата на железничките пруги Транс-Казахстан и Јужен Сибир. Кокшетау лежи на надморска височина од приближно 234 m над морското ниво.

Градот се смета дека е основан во 1824 година, додека статусот на град му е доделен во 1862 година. Тој е добро познат по својата природа и туристички места, како што се Бурабај и Зеренда. Кокшетау е оддалечен околу 185 километри од Петропавл, 300 километри северозападно од главниот град Нур-Султан, 318 километри од Омск, Русија и 384 километри од Костанај. Градот го опслужува аеродромот Кокшетау.

Етимологија Името Кокшетау на казашки јазик буквално значи „чадена-сина планина“, „көкше“ (што значи „сина“) и „тау“ (што значи „планина“). До 7 октомври 1993 година официјално име на градот беше „Кокчетав“ (руски: Кокчета́в).

По распадот на Советскиот Сојуз и независноста на Казахстан, градот беше преименуван во Кокшетау, како дел од владината кампања да ги применува казашките имиња на градовите. Поранешното име сè уште се користи во рускиот јазик, и од Русите во Казахстан, како и од самите Казахстанци.

Историја лево|мини|300x300пкс|Кокшетау 1937 година Кокшетау е основан во 1824 година во близина на планината наречена „Букпа“ како козачко село. Во 1868 година станува окружен центар на Омскаја губернија во Руската Империја, кој понатаму се развива како центар на земјоделство и сточарство и како одморалиште.

Во 1944 година Кокчетав стана административен центар на новосоздадената област Кокчетавскаја. Во 1997 година регионот на Кокшетау беше укинат. Во 1999 година, поради административните промени во структурата на областа Акмола и Северен Казахстан, Кокшетау стана центар на Акмолинската Областа. мини|Прва џамија во Кокшетау Во мај 1989 година се случи значаен настан - Кокшетау и американскиот град Ваукеша станаа збратимени градови.

Географија Кокшетау е на околу 300 километри северозападно од главниот град на Казахстан Нур-Султан. Областа Кокшетау е позната по своите два национални парка Бурабај и Кокшетау. Градот Кокшетау е компактно сместен во близина на планината Букпа, на брегот на езерото Копа.

Најистакната атракција на областа Кокшетау е Националниот парк Бурабај, кој вклучува 14 прекрасни езера сместени меѓу живописните планини покриени со густи зимзелени шуми. Најзначајното меѓу нив според големината, убавината и воодушевувањето на туристите е езерото Боровое. Езерото се наоѓа на 70 км од градот. Благата планинска клима, чистиот и свеж воздух и присуството на лековита кал го прават престојот тука не само пријатен, туку и здрав.

Клима Кокшетау има ладна полусушна клима со екстремни континентални влијанија. Се одликува со долги и студени зими и топли лета. Просечната температура во јануари е −15,3 °C (4,5 °F). Во јули температурата е во просек од 20,2 °C (68,4 °F). Годишните врнежи изнесуваат 313 mm (12,3 in).

Население Кокшетау е на петтото место според бројот на жители во Северен Казахстан. Во денешно време има повеќе етнички Казаци во градот кој порано имал словенско мнозинство. Градот има 146 104 жители (проценка за 2020 година), за разлика од 123 389 (попис од 1999 година), метро областа на градот брои 160 431 жител, додека Акмолинската Област имала вкупно 738 587 жители (проценка за 2019 година), помалку од 1 061 820 (попис од 1989 година), што го прави десетти најнаселен регион во Казахстан. +Населението низ историјатаГодинаНас.±%18974 962—    195952 909 +966.3197080 564 +52.31979103 162 +28.01989136 757 +32.61999123 389−9.82010136 100 +10.32014140 847 +3.52020146 104 +3.7

Етнички состав Кокшетау има мултиетничкото население, со 58% етнички Казаци, а останатите се претежно 29% етнички Руси и други етнички групи како што се Украинци, Татари и Германци. НародВкупноУдел (%)Казаци93 12658.05Руси47 18529.41Украинци4 6182.88Татари3 6602.28Германци3 1241.95други8 7185.43вкупно160 431100.00 Во 1989 година, Кокшетав (сега Кокшетау) има 136 757 жители. Етничката структура гласела: 18,5% Казаци, 53% Руси и 28,5% други етнички заедници. НародВкупноУдел (%)Руси74 48153Казаци25 30018.5други36 97628.5вкупно136 757100.00 Рускиот и казашкиот јазик се главните говорени јазици.

Религија Исламот е преовладувачка религија во градот. Другите религии што се практикуваат се христијанството (првенствено руско православно, римокатолицизам и протестантство). Кокшетау има прекрасна џамија изградена во почетокот на 20 век и храм на Руската православна црква на Архангел Михаил. Во 1997 година е изградена римокатоличка црква во готски стил со употреба на црвени тули. Нова џамија за 1 200 луѓе именувана по Науан Хазрет е отворена во 2015 година и во тек е изградба на нова православна црква.

Индустрија По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, повеќето погони и фабрики во градот го запреа своето производство засекогаш. Во тој момент градот имаше голем број мелници за жито и малку млечно производство. Рудник за злато работи северно од градот.

Транспорт Градскиот превоз во Кокшетау се состои од автобуси и такси. мини|Аеродром во Кокшетау Кокшетау го опслужува меѓународниот аеродром Кокшетау. Се наоѓа на 12,5 км североисточно од центарот на градот. Служи претежно домашни летови, Авиокомпанијата СКАТ има летови од и до Алмати и Актау, како и „FlyArystan“ извршува летови кон Алмати, трипати неделно.

Спорт Во градот има два професионални спортски клуба: хокеарски клуб „Арлан“, фудбалски клуб „Окжетпес“.

Збратимени градови

Ваукеша, Висконсин, САД

Поврзано

Казахстан Акмолинска Област Градови во Казахстан

Наводи

Надворешни врски

Портал на Кокшетау

Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Населени места основани во 19 век Категорија:Населени места основани во 1824 година Категорија:Населени места во Акмолинската Област