Софтверско наследство е непрофитна иницијатива на повеќе засегнати страни, создадена во 2016 година од страна на Ириа, и поддржана од УНЕСКО.
Преглед Мисијата на Софтверско наследство е да го собере, зачува и сподели целиот софтвер што е јавно достапен во форма на изворен код, со цел да се изгради заедничка, споделена инфраструктура во служба на индустријата, истражувањето, културата и општеството како целина.
Изворниот код на софтвер се собира со индексирање на платформи за вдомување на кодови, како што се GitHub, GitLab.com или Bitbucket, и архиви на пакети, како Npm или Pypi, и вметнат во посебна структура на податоци, Merkle DAG, што е јадрото на архивата на Софтверското наследство. Архивата обезбедува силни криптографски идентификатори, наречени SWHID, за сите архивирани артефакти.
Со цел да се зголемат шансите за зачувување на архивата на Софтверско наследство долгорочно, воспоставена е mirror програма во 2018 година, на која се приклучија ENEA и FossID од октомври 2020 година.
Историјат Софтверско наследство е асоцијација развиена во Инрија од почетокот на 2015 година, под раководство на компјутерските научници Роберто Ди Космо и Стефано Закироли , а официјално е достапна за јавноста на 30 јуни 2016 година .
Во 2017 година, Инрија потпишале договор со УНЕСКО за долгорочно зачувување на изворниот код на софтвер и за широка достапност, особено преку иницијативата Софтверско наследство.
Во јуни 2018 година, во седиштето на УНЕСКО, еотворена Архивата на Софтверско наследство.
На 4 јули 2018 година, Софтверско наследство е вклучено во Францускиот национален план за отворена наука.
Во октомври 2018 година, стратегијата и визијата за основата на мисијата на Софтверско наследство биле објавени во Комуникацијата на ACM.
Во ноември 2018 година, Инрија и УНЕСКО свикале група од 40 меѓународни експерти кои треба да се состанат во ноември 2018 година на покана од Инрија и УНЕСКО доведе до објавување на изворниот код на Парискиот повик за софтвер во февруари 2019 година.
Во ноември 2019 година, GitHub потпишале договор со Инрија за подобрување на архивскиот процес на GitHub домаќин на проекти во архивата на Софтверското наследство.
Складиштето на Софтверско наследство денес содржи над 143 милиони софтверски проекти, со архива од над 9,1 милијарди уникатни изворни податотеки заклучно со октомври 2020 година.
Финансирање Софтверско наследство е непрофитна организација, финансирана главно од донации од спонзори за поддршка, кои вклучуваат приватни компании, јавни тела и академски институции.
Софтверско наследство исто така бара поддршка за финансирање на трети страни заинтересирани да придонесат во мисијата на иницијативата. Грант од NLNet ја финансирале работата на Октобус и Твиг што довело до спасување на 250 000 складишта на Меркуријал, исфрлени од Битбакет .
Грант од Фондацијата Алфред П. Слоун финансира експерти за развој на нови конектори за проширување на опфатот на Архивата на софтверското наследство
Награди Во 2016 година, Софтверско наследство ја добива наградата за најдобар проект во заедницата на Парискиот самит со отворен извор 2016 година.
Во 2019 година, Софтверското наследство ја добива наградата за академска иницијатива од Pôle Systematic.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историја на семрежјето