мини|Џилијан Андерсон во 2017 година Џилијан Андерсон (9 август 1968) е американска глумица, позната по улогата во серијата Досиеја икс. Родена е во Чикаго, а пораснала во Лондон и Гранд Рапидс, Мичиген. Таа завршила театарско училиште на Универзитетот ДеПол во Чикаго, а потоа се преселила во Њујорк за да ја продолжи својата глумечка кариера. Откако ја започнала нејзината кариера на сцената, Андерсон добила меѓународно признание за нејзината улога како специјален агент на ФБИ, Дана Скали, во американската научнофанатастична драмска серија Досиеја икс. Нејзината филмска работа вклучувала доста драми: „Моќниот Келт“ (2005), “Последниот крал на Шкотска“(2006), „Танцувач во сенка“ (2012), „Куќата на вицекралот“ (2017) и два Досиеја икс филмови: Досиеја икс: „Борба против иднината“(1998 ) и „Сакам да верувам“ (2008). Други значајни телевизиски улоги на Андерсон се : Лејди Дедлок во „Мрачна Куќа“ (2005), Волис Симпсон во „Секое човечко срце “(2010), Мис Хавишам во „Големи очекувања“ (2011), д-р Беделија Ду Мауриер на „Ханибал“ (2013–2015) и медиуми на „Американски богови“ (2017). Во 2019 година, Андерсон започнала да ја глуми Џин Милбурн во комедија-драмата „Сексуално образование“ на Нетфликс.

Настрана од филмот и телевизијата, Андерсон се искачила на сцената и добила многу награди и критички признанија. Нејзината работа на сцената ги вклучува наградите: „Отсутни пријатели“ (1991), за што ја освоила Светската награда за театар за најдобар новодојденец; „Куќа на куклите'“(2009), за која била номинирана за наградата Лоренс Оливие и портрет на Бланш Дубоис во „Трамвај наречен желба“ (2014, 2016), освојувајќи ја наградата „Вечерен Стандард“ за најдобра глумица и добивање на втората Лоренс Оливие номинација за награда за најдобра глумица. Во 2019 година, таа ја глумела Марго Чанинг во сценската продукција на „Сè за Ева“ за која ја добила и трета номинација за Лоренс Оливие. Андерсон е ко-писател на романот трилогија „Земјата сага “ и книгата за водич за самопомош НИЕ: „Манифест за жени насекаде“.

Андерсон била активна во поддршката на многубројни добротворни и хуманитарки организации. Таа е била портпарол на мрежата на неврофиброматоза и ко-основач на јужноафриканската младинска едукација за одржливост (SAYes). Андерсон била назначена за Офицер на Најдобриот ред на Британската Империја (ОБЕ) во 2016 година за нејзините услуги во драмата.

Ран живот

Џилијан е родена во Чикаго, Илионис. Андерсон има германско, англиско и ирско потекло. После нејзиното раѓање нејзиното семејство се преселило во Порторико, таму престојувале 15 месеци, а потоа заминале во Лондон. Причината за нивното преселување била за нејзиниот татко да може да оди во Лондонското филмско училиште.  За време на нејзиното детство, таа со своето семејство живеела во северниот дел на Лондон, Крауч Енд и Харингеј. Учела во основното училиште Колериџ. Кога Андерсон имала 11 години, нејзиното семејство се вратило во САД и се населиле се во Гранд Рапидс, Мичиген. Тие продолжиле да го чуваат станот во Лондон и летото го поминале таму. Андерсон подоцна изјавила дека отсекогаш имала намера да се врати во Англија. Во Гранд Рапидс, Андерсон присуствувала на основното и градското средно училиште „Фонтана“. Тоа било програма за надарени ученици со голем акцент на хуманистичките науки.

Откако Андерсон се преселива во Гранд имала турбулентно тинејџерство. Започнала со конзумирање на дрога, дружење со многу постара девојка и негување на панк- изглед (боење на косата во разни бои, бричење на страните на главата, прободување на носот и целосно црна гардероба). На својата 14- годишна возраст примала терапии. Андерсон обожавала да слушала бендови како што се Dead Kennedys и Skinny Puppy. Од нејзините соученици била изгласана како „кловн на класот“, „најчудна девојка“ и „веројатно ќе биде уапсена“. Таа била уапсена на матурската вечер за кршење и влегување во средното училиште во обид да ги залепи бравите на вратите. Подоцна таа успеала да ги намали обвиненијата на упад.

Таа уште од мала се интересирала за морската биологија, но откако почнала да се интересира за театарот во тинејџерските години, започнала да глуми во средношколски претстави во текот на нејзината прва година, а подоцна и во театарот во заедницата. Таа исто така служела како студент-практикант на Граѓанскиот театар Гранд Рапидс и Школата за театарска уметност. По завршувањето на средното училиште во 1986 година, таа го посетувала во Театарското училиште на Универзитетот ДеПол во Чикаго и таму добила диплома за ликовни уметности во 1990 година. Андерсон исто така учествувала во летната програма на Националниот театар на Велика Британија на Универзитетот Корнел. За да се издржува финансиски за време на студентските години, таа работела во една пиварница на островот Гус во Чикаго. Откако Андерсон станала позната, пиварницата во нејзина чест го нарекла едно од пивата по неа - белгиски стил Farmhouse Ale, било наречено „Џилијан“.

Андерсон е најголемата од тројцата браќа и сестри. На нејзиниот брат Арон му била дијагностицирана неврофиброматоза и починал во 2011 година од тумор на мозокот, на возраст од 30 години. Арон бил диџеј, ментор и будист. Тој бил во втора година на докторска програма за развојна психологија на Универзитетот Стенфорд кога му бил дијагностициран глиобластом во 2008 година. Нејзината сестра Зои е керамичарка, а Андерсон ја нарекува „исклучителен уметник“. Зои е отворено геј и е мажена за нејзината партнерка.

Андерсон зборува на повеќе дијалекти. Со својот англиски акцент и потекло, таа била исмејувана и се чувствувала како да не е на свое место во Американскиот Среден Запад кога била тинејџерка и наскоро се прилагодила на акцентот на Средниот Запад. Таа лесно се снаоѓа меѓу нејзините американски и англиски акценти. Во мај 2013 година, за време на едно интервју, Андерсон на прашањето за нејзиниот национален идентитет изјавила: „Ме прашаа дали се чувствувам повеќе како Британка отколку како Американка и не знам каков е одговорот на тоа прашање. Знам дека во Лондон се чувствувам како да сум дома и многу сум задоволна со тоа што е како мој дом. Го сакам Лондон како град и таму се чувствувам многу пријатно. Во однос на идентитетот, сè уште сум збунета“.

Кариера десно|мини| Андерсон во 2004 година

Андерсон се преселила во Њујорк на свои 22 години. За да се издржува самата себе додека ја започнала својата кариера, работела како келнерка. Таа ја започнала својата кариера со претставата „Отсутни пријатели“ на Алан Ајкбурн во театарскиот клуб Менхетен заедно со Бренда Блетин; за нејзината улога ја освоила и Светската награда за театар 1990/91 за „Најдобар новодојденец“. Нејзината следна театарска улога била во филмот „Филантроп“ на Кристофер Хамптон во театарот Лонг Варф во Њу Хејвен, Конектикат.

Андерсон се преселила во Лос Анџелес во 1992 година. Истата година, таа се појавила и во нејзиниот прв долгометражен филм „Пресврт“, во кој глумеле Карен Ален и Тес Харпер . Филмската драма е адаптација на претставата „Домашни пожари што горат“.

И поркај тоа што таа еднаш ветила дека никогаш нема да работи со телевизија, после една година без работа го сменила мислењето. Андерсон се присетила на тоа што го кажала: „Како прво, се заколнав дека никогаш нема да се преселам во Лос Анџелес, а штом се вратив, се заколнав дека никогаш нема да работам на телевизија. Дури откако скоро една година бев без работа, започнав да одам на аудиции за кои се молев да не поминам затоа што не сакав да се занимавам со нив“. Таа повторно влегла во мејнстрим телевизијата во 1993 година со нејзиното гостување во колеџ драмата „Класа од ’96“ на мрежата „Фокс“.

После нејзиното гостување ѝ било испратено сценарио за Досиеја икс. Таа имала 24 години кога решила да се појави на аудиција, бидејќи „за прв пат по долго време, во сценариото била вклучена силна, независна, интелигентна жена како главен лик“. Продуцентот Крис Картер сакал да ја вработи, но во Фокс сакале некој со претходно искуство на телевизија и поголем сексапил. Фокс испратил повеќе глумици, но Картер ја поддржал Андерсон, и на крајот била избрана за специјалната агентка на ФБИ, Дана Скали. Андерсон ја добила улогата под претпоставка дека ќе трае 13 епизоди, стандарден минимален налог за американските телевизиски мрежи. Снимена во првите пет сезони во Ванкувер, Британска Колумбија, пред да се пресели во Лос Анѓелес, серијата траела девет сезони. Произведени биле и два филма, издадени во 1998 и 2008 година. За време на Досиеја икс Андерсон освоила многубројни награди за портретот на специјалниот агент Скали, вклучувајќи ја и наградата „Еми“ за најдобра главна глумица во драмска серија, „Златен глобус“ за најдобра глумица во драмска телевизиска серија, две „Награди за глумци на екран за најдобра изведба на глумица во драмска серија“ и награда „Сатурн“ за најдобра глумица на телевизија. Андерсон е првата глумица што освоила „Еми“, “Златен глобус“ и награда „САГ“ во истата година. За улогата, таа добила вкупно четири номинации за „Еми“, четири номинации за “Златен глобус“ и девет номинации за „САГ“.

Андерсон го обезбедила гласот за пародија на нејзиниот лик Скали во „Досиејата во Спрингфилд“, епизода од анимираната комедија телевизиска серија Симпсонови. Додека ги снимала Досиеја икс, таа се сретнала со помошниот уметнички директор Клајд Клоц, кој станал нејзин прв сопруг. Ликот на Андерсон на Досиеја икс иницирал феномен наречен „Ефектот на Скали“; бидејќи медицинскиот лекар и специјалниот агент на ФБИ инспирирале многу млади жени да продолжат со кариера во науката, медицината и спроведувањето на законот. Тоа придонело за зголемување на бројот на жени на тие полиња. Додека била домаќин на документарната серија на Би-Би-Си Фантастична иднина, таа станала импресионирана од тематската музика на шоуто, од електронското дуо Хал и иницирала соработка со нив. Во 1997 година, Андерсон се појавила во музичкото видео за нивниот сингл „Екстремис“, кој често се емитувал на МТВ. Таа, исто така, помогнала да се состави албум со електронска музика, Иднина: Патување низ електронското подземје, за Вирџин Рекордс, кој освоил пофалби од европските музички критичари.

Во 1997 година, Андерсон се појавила и во независниот филм Чикаго такси. Во 1998 година таа глумела во филмот „Играјќи од срце“ со Шон Конери, Анџелина Џоли, Елен Бурстин и Џон Стјуарт. Во 1999 година, Андерсон добила споредна улога „Принцезата Мононоке“ на Хајао Мијазаки на англиски јазик, каде го глумела ликот на Моро. Андерсон била обожавателка на делото на Студио Гибли и Мијазаки. Таа исто така учествувала и во Монолозите на вагината на Еве Енслер. мини|Андерсон во 2008 година Во 2000 година, Андерсон глумeла во филмот „Куќата на радоста“ со Ерик Штолц- Теренс Дејвис адаптација на истоимениот роман, за кој што освоила признанија и награди.

Кога Досиеја икс завршиле во 2002 година, таа се вратила во Лондон. Во 2002 година, Андерсон го имала своето деби во Вест Енд во претставата на Мајкл Велер, „За што е ноќта“ во театарот за комедија. Во 2004 година, Андерсон глумела во продукцијата на Кралскиот Корт театар на претставата „Најслаткиот замав во бејзбол“ на Ребека Гилман, како Дана Филдинг која ја преземала личноста на проблематичниот бејзбол играч Дарил Строубери, а за таа улога заработила многу одлични критики.

Во 2005 година, таа се појавила во ликот Лејди Дедлок во адаптацијата на БиБиСи на романот „Црната куќа“ на Чарлс Дикенс. Таа имала главна улога во филмот „Моќниот Селт“, за кој добила и награда на ИФТА за најдобра меѓународна глумица. Истата година таа исто така глумела во „Приказна за петел и бик“ со Стив Куган и Роб Брајдон за филмска верзија на романот Тристрам Шенди“.