мини|260п|„Кидоомару“ од Утагауа Кунијоши. Кидоомару (鬼童丸, 鬼同丸) е они, кој се појавува во колекцијата „Кокон Чомонџуу“ од Камакура периодот, меѓу другите извори. Тој е син на Шутен-дооџи, а најголем непријател му е Минамото но Јоримицу.

Потекло мини|лево|280п|„Кидоо“ од „Конџаку Хјакки Шууи“од Торијама Секиен. Иако Кидоомару е широко познат од колекцијата Кокон Чомонџии, постои материјал за него и од сликовниците за воини, како и легенди. Според усните традиции на Кумохара во Фукучијама, Кјото префектура, постои легендата дека Кидоомару е дете на Шутен-дооџи. Откако Минамото но Јоримицу го убил Шутен-дооџи, девојчињата заробени од Шутен-дооџи се вратиле дома, но една од тие девојчиња добила психичко нарушување и не можела да се врати дома, раѓајќи го детето на Шутен-дооџи во Кумохара. Ова дете имало заби при раѓање, а на возраст од 7 или 8 години фрлало камења за да убие елен или свиња како оброк. Се вели дека на крајот, ова дете станало Кидоомару, целејќи кон непријателот на неговиот татко, Јоримицу и неговата група.

Главна приказна Како што е опишано во Кокон Чомонџуу, Минамото но Јоримицу е познат што го убил чудовиштето Шутен-дооџи. Кога отишол во домот на неговиот брат Минамото но Јоринобу, тој го фатил Кидоомару во тоалетот. Јоримицу му рекол на Јоринобу дека е невнимателен, па затоа требало да го оковаат они суштеството со ланци, преспивајќи во куќата на Јоринобу таа ноќ. Кидоомару лесно ги откинал синџирите и со огорченост кон Јоримицу, гледал во неговиот кревет и бдеел. Јоримицу го забележал тоа и му рекол на еден слуга: „утре, ќе го посетам храмот Курама“. Кидоомару отишол пред храмот, убил едно говедо на полето Ичихара, се скрил во неговото тело и чекал да дојде Јоримицу. Сепак, Јоримицу го забележал ова, па Уатанабе но Цуна, откако добил команда од Јоримицу, стрелал во стоката со лак и стрела. Се вели дека Кидоомару се појавил од внатрешноста на кравата и се обидел да го покоси Јоримицу, но Јоримицу го убил Кидоомару со еден удар. Во збирката со „јоокаи“ слики, „Конџаку Хјакки Шууи“ од Торијама Секиен, сликата со наслов „Кидоо“ го прикажува Кидоомару седејќи во снегот, облечен во кожа од говедо, како го чека Јоримицу.

Дополнителни податоци мини|470п|„Рјоозоку Мијама Јооџуцукјоо но Зу“ (両賊深山妖術競之図) од Утагауа Јошицуја. „Зентаихеики“, колекција на воени приказни, теоретизира дека овој они е напуштеното дете на Шутен-Дооџи, и првично Кидоомару бил мало дете на планината Хиеи, но се расипал како резултат на злобни дела, и затоа бил избркан од таму, за потоа да мигрира во една пештера во планините и да стане разбојник.

Според „Шитенноо Шоотоо Ироку“ (四天王剿盗異録) на Такизауа Бакин, во една пештера во планините, Кидоомару го сретнал Хакамадаре, разбојник од колекцијата на приказни „Конџаку Моногатаришуу“, во која е прикажана сцена од натпревар на споредување на меѓусебните вештини. Делата што го опишуваат ова ги вклучуваат укијо-е цртежите како што се „Кидоомару“ на Утагауа Јошицуја и „Хакамадаре Јасусуке Кидоомару Јуцукурабе но Зу“ (袴垂保輔鬼童丸競図) на Цукиока Јошитоши.

Наводи

Категорија:Јапонска митологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ