„Ај, в Македонија глас се слуша“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор кон крајот од преродбениот период, во периодот меѓу двете светски војни или во повоениот период. Песната е посветена на Илинденското востание кое се раширило низ Македонија во 1903 година од страна на македонскиот народ како и за неговата храброст. Песната исто така говори за одговорот и задушувањето на востанието во Македонија од страна на османлиската власт и дека Европа треба да чуе за подвигот на македонските востаници. Песната има ајдутски карактер.

Одлики Песната е во 4/4 такт.

Текст Ај, в Македонија глас се слуша од нејзини синови.

Ај, душманите побеснале, колат, бесат сè на ред.

Ај, вие браќа Македонци, вие славни јунаци. Алово знаме да развејме над македонски долини.

Ај, на знаме е напишано: „Слобода или смрт”.

Ај, нека чует и Европа, народот се разбуди.

Ај, Македонец не се плаши од душмански јатаган. Ај, како лавот тој се фрла среде војска и јатаган.

Надворешни врски Ај, в Македонија глас се слуша (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Илинденско востание