Букајо Ајојинка ТМ Сака (роден на 5 септември 2001 година) е англиски фудбалер, бек или крило на Арсенал и на англиската репрезентација.

Биографија Сака е роден во Илинг, Голем Лондон од нигериски родители, кои емигрирале во Лондон како економски мигранти од Нигерија.

Клупска кариера Сака е роден во Илинг, Голем Лондон, и се школувал во основното училиште Едвард Бетам Кофе пред средното училиште во Гринфорд . Тој ја започнал својата кариера со академијата на Арсенал, Хејл Енд. Откако наполнил 17 години, Сака добил професионален договор од Арсенал и се промовирал во тимот до 23 години.

На 29 ноември 2018 година, Сака го направил своето деби за сениорски натпревар во дресот на Арсенал на нивниот натпревар во Лигата на Европа против Ворскла Полтава. Тој го заменил за Арон Рамзи во 68 минута. На 13 декември 2018 година, Сака го направи своето прво целосно деби на домашен терен за Арсенал на нивниот натпревар против Карабак во Лигата на Европа. На 1 јануари 2019 година, Сака дебитираше во Премиер лигата во победата од 4-1 против Фулам откако влезе во игра за Алекс Ивоби во 83-та минута. Сака го постигна својот прв погодок за сениори на 19 септември, со одличен напор од далечина до аголот на гостувањето кај германскиот Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа на УЕФА . Тој го заврши мечот со две асистенции, исто така, на своето име во победата од 3-0.https://www.bbc.com/sport/football/49745913 Сака бил награден за неговите перформанси во Германија со својот прв старт во Премиер лигата, во победата над Астон Вила од 3-2. Потоа, тој забележал асистенција за Пјер-Емерик Обамејанг, за израмнувачкиот гол во ремито 1-1 на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед. 

По повредите на Сеад Колашинац и Киеран Тирни, Сака започнал да се промовира како првотимец во Арсенал на позицијата лев бек. На 27 јануари 2020 година, тој го постигнал воведниот гол во победата на Арсенал со 2-1 против Борнмут во четвртото коло од ФА купот, откако ја завршил акцијата составена од 22 додавања; подоцна во истиот натпревар тој забележал и асистенција за вториот погодок, кој го реализирал Еди Нкетија. Неговиот погодок подоцна бил избран за гол на рундата од страна на Би-Би-Си. По двонеделна пауза во средината на сезоната, Сака го одбележал своето враќање на терен на гостувањето кај Њукасл Јунајтед бележијќи асистенција за голот на Никола Пепе. Потоа му асистирал и на Александар Лаказет забележувајќи ја својата деветта асистенција во сезоната во победата со 1-0 над Олимпијакос во Лига Европа. Три дена подоцна, во победата со 3-2 над , Сака забележал нова асистенција, во трет натпревар едноподруго, стигајќи до двоцифрен број асистенции за сезоната (10) откако го наместил првиот гол на топџиите во натпреварот кој го постигнал Нкетија.

На 1 јули 2020 година, Сака потпишал нов долгорочен договор со Арсенал. Менаџерот Микел Артета го пофалил Сака и рекол: „Мислам дека тој ја претставува секоја вредност за која се залага овој фудбалски клуб. Тој дојде преку академијата и ја заслужи својата почит со напорна работа и отчетност и можете да ја видите прогресијата што ја има како играч, но и како личност.“ Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера против Вулверхемптон Вондерерс, совладувајќи го голманот Руи Патрисио со еден полуволеј удар, во победата на Арсенал со 2-0.https://www.bbc.co.uk/sport/football/52177948 Иако останал неискористена замена во финалето на ФА Купот 2019-2020, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата благодарение на победата на Арсенал над Челси со 2-1. На крајот на сезоната, Сака завршил на третото место по бројот на гласовите во изборот за наградата Играч на сезоната на Арсенал.

Репрезентативна кариера Иако има нигериско потекло, Сака ја претставувал земјата во која што е роден - Англија во неколку младински нивоа: под 16 години, под 17 години, до 18 години, под 19 години и под 21 година.

Во мај 2018 година, Сака бил вклучен во составот на Англија до 17 години, бидејќи тие биле домаќини на Европското првенство до 17 години на УЕФА. Домаќините беа елиминирани од Холандија во полуфиналната фаза по изведувањето на пенали, иако Сака го постигна својот удар од точка.

Во септември 2018 година, Сака го постигнал победничкиот гол за селекцијата на Англија до 18 години на гостувањето против Франција. Во ноември 2018 година, Сака прв пат бил повикан во тимот на Англија до 19 години. Тој постигнал гол на дебито во квалификацискиот натпревар против Молдавија.

На 4 септември 2020 година, Сака дебитираше за Англија до 21 година при победата од 6-0 на гостувањето кај Косово.

На 1 октомври 2020 година, Сака за првпат бил повикан во сениорскиот состав на Англија, а своето деби го имал во победата над Велс со 3-0 играјќи како стартер.

Во јуни 2021 година, бил повикан во репрезентацијата меѓу 26-те играчи избрани за Европското првенство 2020.

Репрезентативни настапи

Клупска статистика Статистика е ажурирана на 15 април 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛЕ 2 0 - - 4 0 2019-2020 ПЛ 26 1 ФА Куп+ЛК 4+2 1+0 ЛЕ 6 2 - - 38 4 2020-2021 ПЛ 26 5 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛЕ 7 2 КШ 1 0 38 7Вкупно во кариерата 53 6 11 1 15 4 1 0 80 11

Титули Клупски Арсенал Премиер лига на Англија : 1 2025-2026 ФА Куп : 1 2019-2020 ФА Комјунити Шилд : 3 2020, 2023, 2026

Поединечни Играч на сезоната на Арсенал : 2 2020-2021, 2021-2022

Наводи

Надворешни врски

Профил на мрежната страница на ФК Арсенал Профил на мрежната страница на Фудбалскиот сојуз

Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026