1014 Во Битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II. 1588 Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II. 1940 Почнува воздушната офанзива на Германија на Велика Британија за време на Втората светска војна. 1945 Прогласени се првите народни херои на Југославија од Македонија: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур и Христијан Тодоровски - Карпош. По неколку дена, на 2 август, за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски - Питу. 1948 Во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна. 1993 Киргистан ја признава Република Македонија. 2002 Основана е Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“. 29 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 29 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.