Палестина ( ), официјално призната како Држава Палестина ( ) од страна на Обединетите нации и други субјекти — де јуре суверена држава во Западна Азија, која ги опфаќа териториите на Западен Брег (граничи со Израел и Јордан ) и Појасот Газа (граничи со Израел и Египет) со Ерусалим како назначен главен град, иако неговиот административен центар моментално се наоѓа во Рамала. Целокупната територија за која се тврди дека ја опфаќа Државата Палестина била окупирана од 1948 година, најпрвин од Египет и Јордан, а потоа и од Израел по Шестдневната војна во 1967 година. Палестина има 5.051.953 жители заклучно со февруари 2020 година, и е рангирана на 121-то место во светот.
По Втората светска војна, во 1947 година, ООН усвоила План за поделба на Британска Палестинапрепорачајќи создавање на независни арапски и еврејски држави и интернационализиран Ерусалим. Овој план за поделба бил прифатен од Евреите, но Арапите го отфрлиле. Ден по формирањето на еврејска држава во Ерец Израел, позната како Држава Израел на 14 мај 1948 година, соседните арапски војски го нападнале поранешната британска мандаторска територија и се бореле против израелските сили.Yoav Gelber, Palestine 1948, 2006 – Chap. 8 "The Arab Regular Armies' Invasion of Palestine". Подоцна, владата на сите палестини била основана од Арапската лига на 22 септември 1948 година за да управува со енклавата под контрола на Египет во Газа. Наскоро земјата била призната од сите членови на Арапската лига, освен од Трансордан. Иако надлежноста на Владата била прогласена за покривање на целата поранешна Британска Палестина, нејзината делотворна јурисдикција била ограничена на Појасот Газа.Gelber, Y. Palestine, 1948. pp. 177–78 Израел подоцна ги освоил Појасот Газа и Синајскиот Полуостров од Египет, Западниот Брег (вклучувајќи го и Источен Ерусалим) од Јордан и Голанските Висорамнини од Сирија во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна.
На 15 ноември 1988 година во Алжир, Јасер Арафат, претседател на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), ја прогласил формирањето на Палестинска Држава. Една година по потпишувањето на Договорите во ДоговоритеОсло во 1993 година, формирана е Палестинската национална управа за управување со областите А и Б на Западниот брег и Појасот Газа. Подоцна со Газа управувала Хамас во 2007 година, две години по израелското одвојување од Газа.
Државата Палестина е призната од 138 членки на ООН и од 2012 година има статус на земја-нечленка набљудувач во Обединетите Нации. Палестина е членка на Арапската лига, Организацијата за исламска соработка, Г77, Меѓународниот олимписки комитет и други меѓународни тела.
Етимологија Од британскиот мандат, терминот „Палестина“ се поврзува со географската област што моментално ги опфаќа Државата Израел, Западен Брег и Појасот Газа. Општа употреба на терминот „Палестина“ или сродни термини во областа на југоисточниот агол на Средоземното Море покрај Сирија историски се одвива уште од времето на Стара Грција, а Херодот бил првиот историчар кој пишувал во 5 век п.н.е., во неговото дело Историја за „област Сирија, наречена Палестина“ во која Феникијците комуницирале со другите поморски народи.Herodotus, Volume 4. p. 21. 1806. Rev. William Beloe translation. Терминот „Палестина“ (на латински, Palæstina) се смета за термин измислен од Старите Грци за областа на земјата окупирана од Филистејците, иако има и други објаснувања.Ancient History Encyclopædia, Mark, Joshua J., "Palestine"
Терминологија Овој напис ги користи термините „Палестина“, „Држава Палестина“, „окупирана палестинска територија“ (ОПТ) наизменично во зависност од контекстот. Поточно, терминот „окупирана палестинска територија“ се однесува како целина на географската област на палестинската територија окупирана од Израел од 1967 година. Во сите случаи, секое упатување на земјиште или територија се однесува на земјите кои Палестина смета дека и припаѓат на неа.
Историја Во 1947 година, ООН усвоила план за поделба на две држави на преостанатата територија на мандатот. Планот бил прифатен од еврејското раководство, но бил одбиен од арапските водачи, а Велика Британија одбила да го спроведе планот. Во пресрет на конечното повлекување на Велика Британија, Еврејската агенција за Израел прогласила формирање на Израелска Држава според предложениот план на ООН. Арапскиот висок комитет не прогласил своја држава и наместо тоа, заедно со Трансордан, Египет и другите членови на Арапската лига од тоа време, започнале воени дејствија што резултирале во Арапско-израелската војна во 1948 година. За време на војната, Израел добил дополнителни територии кои биле назначени да бидат дел од арапската држава според планот на ООН. Египет го окупирал Појасот Газа, а Трансордан го окупирал Западниот Брег. Египет првично го поддржувал создавањето на сепалестинска влада, но мислењето го повлекол во 1959 година. Трансјордан никогаш не го признал тоа и одлучил да го вклучи Западен Брег кон своја територија, формирајќи го Јордан. Анексијата била ратификувана во 1950 година, но била одбиена од меѓународната заедница. Шестдневната војна во 1967 година, кога Израел војувл против Египет, Јордан и Сирија, завршила кога Израел, покрај другите територии, ги окупирал Западниот брег и Појасот Газа. [ потребно е цитирање ] Во 1964 година, кога Западен Брег бил контролиран од Јордан, таму била формирана Организацијата за ослободување на Палестина со цел да се соочи со Израел. Палестинската национална повелба на ПЛО ги дефинирала границите на Палестина како целата преостаната територија на мандатот, вклучително и Израел. По Шестдневната војна, ПЛО се преселила во Јордан, но подоцна се преселила во Либан по Црниот септември во 1971 година. [ потребно е цитирање ] На самитот во Арапската лига во октомври 1974 година, ПЛО била прознаена за „единствен легитимен претставник на палестинскиот народ“ и го потврдила „нивното право да воспостават независна итна состојба“. Во ноември 1974 година, ПЛО била призната како надлежна за сите прашања во врска со прашањето за Палестина од страна на Генералното собрание на ООН, давајќи им статус на набљудувач како „недржавен ентитет“ во ООН. По Декларацијата за независност од 1988 година, Генералното собрание на ООН официјално го признал прогласот и донеки одлука да се користи ознаката „Палестина“ наместо „Палестинска организација за ослободување“ во ООН. И покрај оваа одлука, ПЛО не учествувал во ООН во својство на влада на Државата Палестина.
Во 1979 година, преку Договорот од Кемп Дејвид, Египет означил крај на какво било сопствено барање за Појасот Газа. Во јули 1988 година, Јордан му ги отстапил своите барања за Западен Брег- со исклучок на старателството над Харам ел-Шариф - на ПЛО. Во ноември 1988 година, законодавниот дом на ПЛО, додека бил во егзил, прогласил формирање на „Палестинска држава“. Во месецот што следел, земјата била признаена од многу држави, вклучувајќи ги Египет и Јордан. Во палестинската декларација за независност, државата Палестина е опишана како основана на „палестинската територија“, без изречно да се прецизира понатаму. Поради ова, некои од земјите што ја признале Државата Палестина во своите изјави за признавање се повикуваат на „границите од 1967 година“, со што ја признаваат како своја територија само окупираната палестинска територија, а не и Израел. Апликацијата за членство во ООН поднесена од Државата Палестина исто така прецизирала дека таа се заснова на „границите од 1967 година“. За време на преговорите во Осло, ПЛО го признала правото на Израел да постои, а Израел ја признала ПЛО како претставник на палестинскиот народ. Помеѓу 1993 и 1998 година, ПЛО презела обврски за промена на одредбите на својата Палестинска национална повелба кои не се во согласност со целта за решение на две држави и мирен соживот со Израел. [ потребно е цитирање ] Откако Израел ја презел контролата над Западен Брегод Јордан и Појасот Газа од Египет, таму започнале да се воспоставуваат израелски населби. Овие биле организирани во областа Јудеја и Самарија (Западен Брег) и Регионалниот совет Хоф Аза (Појасот Газа) во јужниот округ. Администрацијата на арапското население на овие територии ја извршило израелската цивилна администрација на координаторот на владините активности на териториите и локалните општински совети присутни уште пред преземањето на Израел. Во 1980 година, Израел одлучил да ги замрзне изборите за овие совети и наместо тоа да формира Селски лиги, чии службеници биле под израелско влијание. Подоцна овој модел стана неефикасен и за Израел и за Палестинците, и Селските лиги започнале да се распаѓаат, а последната била Хебронската лига, распуштена во февруари 1988 година.
Во 1993 година, со Договорите во Осло, Израел го признал преговарачкиот тим на ПЛО како „претставник на палестинскиот народ“, за возврат на ПЛО требало да го признае правото на Израел да постои, преку прифаќање на резолуциите 242 и 338 на Советот за безбедност на ООН и отфрлање на „насилството и тероризмот“. Како резултат на тоа, во 1994 година, ПЛО ја основала Палестинската национална власт (ПНВ или ПС), територијална администрација, која извршува некои владини функции во делови на Западниот Брег и Појасот Газа. Во 2007 година, Хамас го презел на појасот Газа, политички и територијално поделен на Палестинците, а Махмуд Абас со неговата Фатах владеел со Западниот Брег која меѓународно била призната како официјална палестинска власт, а Хамас пак ја обезбедувал својата контрола врз Појасот Газа. Во април 2011 година, палестинските партии потпишале договор за помирување, но неговото спроведување било во застој сè додека не се формирала влада на единство на 2 јуни 2014 година. мини|Демонстрација против блокада на патот, Кафр Кадум, март 2012 година Како што било замислено во Договорите во Осло, Израел дозволил ПЛО да формира привремени административни институции на палестинските територии. Дадена е цивилна контрола во областа Б и цивилна и безбедносна контрола во областа А и останало без вклучување во областа Ц. Во 2005 година, по спроведувањето на израелскиот план за еднострано раздвојување, Палестина добила целосна контрола врз Појасот Газа, со исклучок на нејзините граници, воздушниот простор и територијалните води. По меѓупалестинскиот конфликт во 2006 година, Хамас ја презел контролата врз Појасот Газа (веќе поседувал мнозинство), а Фатах ја презел контролата врз Западниот Брег. Од 2007 година, Појасот Газа бил управуван од Хамас, а со Западниот Брег од Фатах. [ потребно е цитирање ]