Алаетин Тахир (, - , ) — раскажувач, новинар, книжевен критичар, преведувач, пишувал на турски и македонски јазик, бил припадник на турска национална заедница во Македонија.Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2
Животопис Алаети Тахир е роден во Скопје, каде што го започнал и завршил своето образование со дипломирање на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата предаденост на уметност, на книѓевноста и посветеноста на турскиот јазик го одликува и неговото дело. Работел како уредник на културна редакција во весникот Бирлик, бил дописник на весникот „Тан“ од Приштина. Како новинар има работено во Македонска радио-телевизија, во турска редакција, каде што меѓу многу други реализации, работел и како реализатор и помошник режисер на ТВ-драми Споменар, Гостинка, Белиот волшебник и др. Од 1992 година бил член на Друштво на писатели на Македонија.
Дела Апартман 18, (книга раскази, објавена 1972 година); Портрет, (книга раскази, објавена 1980 година).Тахир бил наградуван во весниците „Бирлик“ и „Тан“, како и од списнето „Чеврен“
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски Турци Категорија:Луѓе од Скопје