Доне Чапарев е роден на 4 јуни 1949 година во Струмица, починал во 17 ноември 2000 година, во Струмица поет, драмски писател.
Животопис Доне Чапарев е роден во Струмица, каде што завршил основно и дредно училиште. Дипломирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Центар за радио и новинарско-издавачка дејност во Струмица, а потоа се префрлил во Скопје каде што работел во издавачко претпријатије „Југоскоп - Ревија Бизнис“ во Скопје. Зад себе оставил повеќе книги поезија, детска поезија, и драми. Бил член на Друштво на писатели на Македонија од 1976 годинаМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2.
Дела Живи сенки - поезија, 1972 година; Вечерни патувања - поезија, 1975 година; Живи огништа - поезија, 1976 година; Витрина полна со детски итрини - поезија за деца, 1977 година; Благој Мучето - драма. 1977 година; Воздушни балончиња - поезија за деца, 1978 година; Тајна магија на ѕидот - поезија, 1996 година; Сенарник, поезија, 1998 година; Исповед на Самоил, поезија, 1999 година
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Струмица