Ветка Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Претставува сакрален објект од римско време.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на североисточната периферија на селото Прдејци, во непосредната близина на пругата Скопје-Гевгелија.
Историја
Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Опис
На него се среќаваат грамади од градежен камен и фрагменти од мермерна архитектонска пластика со различна профилација. Тука е најдено и мермерно торзо со претстава на облечена машка фигура во природна големина.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско
Наводи
Надворешни врски