мини|Портрет на Михаил Мишустин Михаил Владимирович Мишустин (на ; во ) — руски политичар и економист. Од јануари 2020 година е премиер на Русија.

Пред заземањето на премиерската функција, од 2010 година бил директор на Федералната служба за оданочување. Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин го номинирал Мишустин за претседател на Владата на Руската Федерација на 15 јануари 2020 година, по оставката на Димитриј Медведев. Сослушувањата за неговото назначување се одржале во Државната дума на 16 јануари, и истиот ден бил назначен на функцијата.

Од април до мај 2020 година, премиерската функција на Мишустин како вршител на должност ја презел неговиот заменик Андреј Белоусов откако Мишустин објавил дека е позитивен на COVID-19.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Премиери на Русија Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен