Свети Ѓорѓи — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Горното Маало на селото Вранештица.

Местоположба

Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка. Сместено е во Горно Маало на селото.

Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.

Историја

Била подигната во XVI-XVII век. Според историчарите на уметноста црквата била изградена кон крајот на XVI век.

Сепак, други извори наведуваат дека таа е подигната и живописана со помош на „мали и велики“ (жители) во времето на турскиот султан Бајазит и епископот кир Герасим, најверојатно во 1498/1499 година.

Архитектура

Има правоаголна основа со мали димензии и покрив на две води од камени плочи, а на источната страна мала полукружна апсида. Црквата е еднокорабна.

Фрескоживопис

Црквата поседува фрескоживопис. Била живописана за само 20 дена од Димитар Зограф, кој се потпишал инверзно на крајот од ктиторскиот натпис.

Во сликаната програма внимание привлекува царскиот Деисис, со Христос, Богородица и Јован Крстител, потоа претставата на патронот Св. Ѓорѓи во благородничка облека и Св. Никола со епитет Крмител.

Црквата поседувала фасаден живопис, кој е делумно зачуван.

Галерија

Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Вранештица

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Вранештица Вранештица Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцен среден век Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Кичево Категорија:Археолошки наоѓалишта во Кичевско