Трајче Грујоски ( во , Леринско — во ) — македонски општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и универзитетски професор. Носител на Партизанска споменица 1941.
Животопис Роден е на 19 август 1921 година во село Раково, Леринско, егејскиот дел на Македонија. Основно и средно образование завршил во Битола. Бил член на СКОЈ од 1938 година, а од 1940 и на Комунистичката партија на Југославија. Еден е од организаторите и првоборците на Народноослободителната и антифашистичка борба на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор. Тој бил борец на Битолскиот НОПО „Јане Сандански“ во 1942, инструктор на леринскиот НОПО „Вичо“, политички комесар на чета во Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ во 1943, член на Вториот областен комитет на КПМ во 1943 и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. лево|мини|Трајче Грујоски По Ослободувањето, тој дипломирал на Правно-економски факултет во Скопје, а потоа се здобил со титула доктор на науки. Бил редовен професор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот Универзитет „Климент Охридски“. Тој бил автор на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем. десно|мини|200x200пкс|Трајче Грујоски е носител на Партизанската споменица од 1941. Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на Македонија, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „Нова Македонија“. Починал на 17 јули 2016, во Скопје.
Библиографија „Битола - дејство на основните фактори врз општествено-економскиот развиток“ (Битола, 1971 г.); „Делегатскиот систем како облик на социјалистичката демократија“ (1981, Скопје); „Општествениот, економски и политички систем на СФРЈ“; „Економика и комуна“; „Битола на мојата младост“ (Битола, 1987); „Времиња, луѓе...“ (2004, Скопје,); „Распадот на поранешна СФРЈ“ (2003, Скопје).
Поврзано
Менка Грујоска
Наводи
Надворешни врски Усна историја; Интервју со Трајко Грујоски — Меморијален музеј на холокаустот на САД Почина Трајче Грујоски,поранешен функционер,професор и борец Биографија на Трајко Грујоски Животопис на Трајче Грујоски - видео интервју
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски судии Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски пратеници Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски министри Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Професори на УКЛО