мини|Касовар како домашно милениче за време на експедицијата на Сибог во Индонезија и Нова Гвинеја, 1899-1900 година
Казуар припаѓа на родот тркачи кој ги населува тропските шуми на Нова Гвинеја, Источните Мали Сунди, Молучките Острови и североистокот на Австралија .Clements, J. (2007) Постојат три современи видови. Најчестиот од нив, австралискиот казуар, е трет по височина и втор по тежина современ вид на птица, помал е само од ној и ему.
Казуарите се хранат претежно со овошје, иако сите видови се сештојади и ќе земаат друга растителна храна, како што се фиданки и семе од трева, но исто така и габи, безрбетници и мали ’рбетници . Казуарите се многу внимателни во односот кон луѓето, но доколку бидат испровоцирани, тие можат да предизвикаат сериозни повреди на луѓето, вклучувајќи и смртни. Казуарот честопати бил прогласуван за најопасна птица во светот .
Систематика и класификација Родот Casuarius го воспоставил францускиот научник Матирен Жак Брисо во 1760 година. Типски вид е австралиски или јужен казуар ( Casuarius casuarius ). Шведскиот природник Карл Лине го вклучил родот во шестото издание на својот Природен систем објавен во 1748 година но го исклучил во важното десетто издание од 1758 година каде што тој го обедини касарот со нојот и големиот нанду. Слика Научно име Распростанетост168x168пкс Casuarius casuarius јужен дел на Нова Гвинеја, североисточна Австралија и островот Ару, претежно во низините Clements, J. (2007)181x181пкс Casuarius bennetti Нова Гвинеја, Нова Британија и Јапен, претежно на висорамнините160x160пкс Casuarius unappendiculatus северниот и западниот дел на Нова Гвинеја и островот Јапен, претежно во низините Davies, S. J. J. F. (2002) (Изумрени) † Casuarius lydekkeri Фосил од плеистоцен познат од Нов Јужен Велс и Нова Гвинеја
Однос со луѓето Некои општества од новогвинејските планини и висорамнини ги фаќаат младите казуари и ги одгледуваат како полупитома живина, за употреба во церемонијалните размени на подароци и како храна . Тие се единствените автохтони австралиски животни кои луѓето делумно ги припитомиле пред доаѓањето на Европејците.Bourke, R. Michael: History of agriculture in Papua New Guinea in Food and Agriculture in Papua New Guinea, ANU Press, 2009
Казуарите имаат репутација на опасни за луѓето и домашните животни. За време на Втората светска војна, американските и австралиските трупи стационирани во Нова Гвинеја биле предупредени да се чуваат од казуарите.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Казуари Категорија:Птици тркачи