Бојко Василевски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Бојко Василевски
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Поради слабите материјални услови немал можност да го продолжи своето образование. Се занимавал со земјоделство. Бојко стапил во 16та македонска ударна бригада на 9 септември, 1944 година. Во составот на Бригадата учествувал во голем број борби против балистите како и во ноќните акции против германските моторизирани колони, кои се повлекувале низ Качаничката Клисура кон Косово. По ослободувањето на Македонија во состав на Бригадата ја продолжил борбата против разбиените балистички банди.
Учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт. Во Славонска Пожега, каде наполно била уништена поголема германска и усташка единица, Бојко храбро загинал и бил закопан на својата борбената позиција.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ