Тодор Стоичков Гајдаров ( во — во Скопско) — партизан, учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од работничко семејство. Основно образование и музичко училиште завршил во Ќустендил. По завршувањето на училиштето работел како музичар во Софија. Поради илегална дејност бил отпуштен од работа. Често бил прогонуван и присилуван да ги менува местата на живеењето. Целото негово семејство било ориентирано антифашистички. Работел доста конспиративно, но и покрај тоа бугарската фашистичка полиција во 1943 година ја открила неговата дејност. Поради тоа избегал од Бургас и се населил во Скопје. Во Скопје, повторно воспоставил врска со некои другари. Пројавил интерес да појде во партизани. Бил испратен во Скопска Црна Гора. Таму и се приклучил на 16та македонска ударна бригада. Учествувал во борбите на Бригадата против балистите и Германците. Животот го загубил во октомври 1944.

Наводи