Жена со вага или Жена која вага злато () – славна слика која ја насликал барокниот сликар Јоханес Вермер од 1662 до 1663 година.
Од нешто помалку од 40 платна кои со сигурност му се припишуваат на Вермер, повеќето прикажуваат смирени сцени во ентериер, со ниски тонови на боите, со асиметрична но снажна геометриска композиција. Вермер успеал да го оствари својот израз низ јасно архитектонско обликување на просторот во кој секој предмет има своја улога во значењето и рамнотежата на композицијата. Благото светло кое продира низ прозорецот често има дава цврстина на фигурите и предметите во просторијата. Сите емоции се обуздани додека Вермер ја повикува смиреноста на медитацијата. Дури и потезите со четка се така контролирани така што стануваат скоро невидливи, освен кога ја слика рефлексијата на светлото со ситни дамки боја.
На сликата „Жена со вага“, совршената рамнотежа содава монументална композиција во моментот на врвно спокојство. Безвремената сцена на „светот на мртвата природа“, која како да е замрзната со магија Janson's History of Art, Pearson Education Ltd., 2007., New Jersey, str. 728. . Млада трудна жена, облечена во раскошна, но секојдневна облека, задлабочена е во мислите над празната вага барајќи од нас да се замислиме за самиот чин на вагање и проценување. Порано се мислело дека трагите светло на тасовите на вагата претставуваат бисери, но со научна анализа било потврдено дека тасовите се празни . Нејзината рака и вагате се наоѓаат во средиштето на сликата, но веднаш над неа, на ѕидот на просторијата, виси голема слика на „Последниот суд“ на која Христос суди и ги вага душите. Моментот на тивката интроспекција на жената пред допирање на златото или бисерите исто така го повикува мотивот на ванитас, минливоста на животот, дозволувајќи му на сликарот да го коментира непостојаниот квалитет на материјалните добраMarilyn Stockstad, Art History vol. 2, Pearson Education Ltd., 2005., New Jersey, str. 776. .
Понатаму, овој момент може да биде поврзан со грижата на бремената жена за нејзината душа и иднината на нејзиното неродено дете. Исто така, оваа слика е сведоштво за верата на уметникот. Имено, Вермер бил католик кој живеел во претежно протестантската Холандија, каде неговата религија била официјално забранета, иако се толерирало неговото практикување во приватноста на домот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Слики од Јоханес Вермер Категорија:Национална уметничка галерија Категорија:Уметнички слики од 1660-тите