Арач — личен данок, главарина во Османлиското Царство. Се наплаќал од секоја машка немуслиманска глава., како вид откуп од ропство. Со плаќањето арач се добивало право на лична и имотна сигурност како и право на ослободување од воена обврска . Арачот бил доказ за верност на султанот, па буните на немуслиманското население често почнувале со неплаќање на арачот.

Според висината арачот се делел на три класи: „алал“ (висок), „евсат“ (среден) и „една“ (низок)..

Во почетокот арачот бил земјарина, но набрзо се стопил со главарината.

Наводи

Поврзано Џизија

Категорија:Отоманско Царство Категорија:Оданочување Категорија:Арабизми Категорија:Турцизми