Народни бигори – збирка поезија од Венко Марковски, објавена во 1938 година во Софија. Таа е прва стихозбирка објавена на македонски јазик, по која следела „Огинот“ од истиот автор, исто така објавена во 1938 година.
Издавање и значење Стихозбирката ја објавил во 1938 година во Софија, откако избегал од Кралството Југославија каде бил прогонуван заради членство во Македонската ослободителна револуционерна организација (МОРО), подоцна преименувана во Македонска младинска револуционерна организација (ММРО). „Народни бигори“ со „Огинот“ се „првите современи збирки песни објавени воопшто на македонски јазик“
Содржина Традицијата на фолклорот е препознатлива не само во темите и мотивите на песните, туку пред сè во формата на стихот.
Песните се испеани според централните македонски говори со некои исклучоци, а некои зборови, нивното значење, се преведени и дообјаснети во фусноти на бугарски јазик. Овие фусноти се еден вид на минијатурен македонско-бугарски речник, прв за овие два јазика.
Во збирката најчесто се среќава стихот во форма на осмерец, поточно во формата 5 + 3, со цезура после петтиот слог, а изосилабизмоте не е нарушен никаде. Освен осмерецот застапен е и десетерецот во форма 4 + 6. Стиховите се организирани во катрени без римување.
Во збирката е застапена лириката со чисто љубовни мотиви, но исто така, се застапени и борбените, комитските, илинденските мотиви, историјата, социјалната положба на народот, со забележително нагласување на наративноста на песните со истакнување на епскиот елемент кој го содржат.
Стихозбирката му е посветена „На Никола Т. Балабанов/Во знак а длабока почит“. Истата опфаќа 17 песни:
Стига си... Меракот Бисеро... Излези Алтана Туѓина Месецот Пусто пиле На смрт Изгора Горо ле Мајка В пролет бујна На војводата Султана
Наводи
Користена литература „Основоположници на современата македонска поезија“ од Георги Старделов
Поврзано Венко Марковски Македонска книжевност
Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Венко Марковски