мини|Ризиците од коронарна срцева болест со ХСТ варираат во зависност од возраста и времето од менопаузата мини|Симптоми на менопауза (вектор) Терапијата за замена на хормони (HRT) за транссексуалци ја променува рамнотежата на половите хормони во нивните тела. Некои интерсексуалци исто така примаат ваква терапија, без разлика дали почнале во детството за а се потврди полот кој им е назначен или подоцна, ако ова потврдување излезе неточно. Некои мажи можат да ја користат оваа терапија за да се слободат во своето тело како резултат на намаленото количество на тестостерон во телото. Нивната намера е да предизвикаат развој на секундарните сексуални одлики кај посакуваниот пол. Не можат да се вратат промените предизвикани уште од првиот природен пубертет, кои бараат сексуален потфат за обновување и епилација или преку електролиза и/или преку ласерско отстранување на косата. Ова се должи на лесниот начин за производство на секундарни сексуални одлики со андрогени отколку на отстранувањето на трансжените од веќе спроведените одлики.
Формални барања за HRT
Барањата за терапијата замена на хормоните многу варира, најчесто во одредено време каде се бара психолошко советување , па затоа е време да се живее во улога на посакуваниот пол , ако тоа воопшто е можно, со цел да се уверат дека тие можат психолошки да функционираат во таа улога. Овој период понекогаш се нарекува Вистинско животно искуство ( Real Life experience, RLF). Некои индивидуалци избираат самоуправување со нивните лекови (направи сам), најчесто поради тоа што слободните доктори немаат доволно искуство во оваа област, или на прво место, нема слободен доктор. Понекогаш, транс луѓето избираат сами да се снаоѓаат затоа што докторите не сакаат да им препишат хормони без писмо од терапевтот во кое се изјавува дека пациентот ги исполнува критериумите на дијагнозата и прави неформална одлука за транзиција. Голем број од терапевтите бараат најмалку три месеци континуирана психотерапија и/или вистински тест за животот со цел да се напише писмо какво што се бара според Стандардите за Заштита. Во вакви услови, индивидуалецот може сам да управува додека да ги добие овие овластувања, мислејќи дека не треба да чекаат медицински професионалци да бидат убедени за нивната ситуација. Имено, како што многу индивидуалци мора да платат за нивната проценка и заштита, исто така трошокот може да биде невозможен за една ваква терапија. Проблеми кои се јавуваат за време на пубертетот Голем број на скелетни промени се појавуваат по појавата на пубертетот во различни временски периоди и време. Понекогаш, во последните тинејџерски години краевите на коските се затворени и зафаќа место должината на коските која трае цел живот. Последователно, целосната висина и должината на рацете, нозете и стапалата не се погодени од терапијата за замена на хормоните. Сепак, детали за промените на формата се менуваат во текот на животот, коските стануваат потешки и подлабоко се наоѓаат под влијание на тестостеронот. Повеќето од овие разлики се опишани во книгата на Дезмон Морис – Manwatching.
Промени За трансжените, земањето на естроген предизвикува други промени; Растење на градите, со зголемување на брадавиците. Распределувањето на мастите во телото. Отенување на кожата, За мажи- кон – жени, терапијата вклучува антиандрогени за надополнување на астрогените и прогестеронот кои се спомнати погоре. Терапијата за замена на хормони вообичаено, не предизвикува спречување на растење на косата или промена на гласот.
Неповратни промени Развивање на градите Проширени брадавици Стрии (кај некои луѓе) Повратни промени Зголемено либидо распределување на мастите во телото намалено развивање на мускулите различни промени на кожата значително намалување на влакната по телото промена на природниот мирис на телото и потење помало згрутчување на вените окуларни промени големина на гонадите
Психолошките промени се тешки за дефинирање, затоа што терапијата за промена на хормоните, вообичаено, е првата физичка активност која зазема место за време на транзицијата. Затоа, самиот чин за почнувањето на терапијата за замена на хормони има значителен психолошки ефект, кој е тежок за разликување од хормонски предизвиканите промени. Контраиндикации Апсолутни: историја на појава на рак поради естрогенот (како на пример рак на дојката), историја на тромбонска болест ( освен ако не се предвидени терапии за антикоагулација или згрутчување на крвта) или историја на макропролактином. Релативни: црн дроб, бубрези или болест на срцето и удар (или било кој од ризичните фактори за болести на срцето: висок холестерол, дијабетес, дебелина, пушење). силна семејна историја за рак на дојката или тромбонска болест, заболување на жолчното ќесе , циркулација или услови на згрутчување како на пример: периферална васкуларна болест, polycythemia vera, српеста анемија,пароксизмален ноќен хемоглобин, hyperlipidemia/hypercholesterolemia, hyperlipoproteinaemia, хипертензија, factor V leiden, prothrombin mutation, antiphospholipid antibodies, anticardiolipin antibodies, lupus anticoagulants, plasminogen или fibrinolysys нарушување, недостатоци на Ц белковини или недостатоци на С белковини или недостатоци на антитромбон.
Видови терапија
Естрогени Најчесто, дозите се повисоки отколку дозите за размена кај трансжените. Вообичаено, дозата се намалува после архиктомијата (отстранувањето на тестисите) или операција за промена на полот. Сепак, праксата за намалување на дозите естроген после една ваква операција се применува од деновите кога се бараа многу високи дози на естроген за намалување на тестостеронот поради тоа што не се користеа анти – андрогени. Всушност, високите дози (преку користење на помалку моќен естроген, естрадиол, кој е ендоген во човечкото тело отколку ризичниот етинил естрадиол и конјугирани естрогени кои се користеа во минатото) се препорачуваат за време на првите десет или повеќе години на терапија за замена на хормони за целосно развивање, со или без реактомија или промена на полот. По вообичаените десет или повеќе години дозата може да се намали. Постојат многу различни варијации на естроген како и други типови на естрогени иако најкористен е микронизираниот естрадиол, естрадиол ацетат, естрадиол валерат, естрадиол ципионат, естрадиол енатат, конјугирани естрогени, естерифицирани естрогени и етинил естрадиол. Достапни се следниве формулации : инекции, импланти, назално, усно, подјазично, гел, спреј и трансдермален далновод. Како што се зголемува дозата, се зголемуваат и ризиците. Затоа, жените со релативни контраиндикации треба да почнат со помали дози и постепено да ја зголемуваат дозата. Прогестогени Прогестогените вклучуваат прогестерон и прогестини ( синтетичка аналогија на прогестерон или 17 – алфа хиропрогестерон). Слободни се орални, подјазични, супозиторијални и гелни формулации. Прогестогените се вклучените во целосното созревање на градите, особено на резените на млечната структура, ацини и алвеоли. Прогестогените исто така, помагаат при разградувањето на мастите, го разбудуваат либидото кај жената, го зголемуваат апетитот, мало зголемување на масноста на кожата, го зголемуваат протокот на крвта кон кожата, ја зголемуваат способноста за потење и губење на топлината, зголемување на телесната температура на која и овозможува поголема толеранција на ладно, поздрави нокти, предизвикува чувство на смиреност и лесен сон и ја зголемува енергијата кај личноста. Сепак, прогестогените, кај некои луѓе, можат премногу да ја зголемат масноста на кожата и либидото каде можат да се појават акни на кожата. Прогестогените, претежно, се многу важни за цврстината на коските, и изгледа дека имаат некаква улога за еластичноста на кожата и нервните ткива. Други ефекти кои се резултат на прогестеронот вклучуваат намалување на спазмата и опуштање на мускулите, намалена е активноста на жолчното ќесе, проширени се бронхиите (кое помага при дишењето), намалување на имунолошките одговори, нормализирање на згрутчувањето на крвта, васкуларниот тонус, нивото на цинк и бакар, нивото на воздушни ќелии, и употребата на масни наслаги за енергија. Прогестеронот исто така, помага на функцијата на штитната жлезда и структурата на коските преку остеобластите. Прогестините (синтетичките прогестогени) се придружени со зголемен ризик за добивање на рак на кожата, кој не е видлив со природниот прогестерон. Анти – андрогени Спиронолактонот е најчесто користениот .анти – андроген во САД поради тоа што е безбеден и евтин. Ципротерон ацетат најчесто се користи надвор од САД. Спиронолактонот е диуретик на основа на калиум кој се користи за третирање на намалување на хипертензијата на ренин, едема, хипералдостеронизам, и ниски нивоа на калиум предизвикани од други диуретици. Може да предизвика високи нивоа на калиум, хиперкалемиа па затоа кај луѓето кои имаат проблеми со бубрезите може да предизвика контра индикации или кај луѓе кои имаат покачено ниво на калиум во организмот. Спиронолактонот ја спречува формацијата на тестостеронот во тестисите (иако не во надбубрежните жлезди) со внесување на ензими вклучени во нивното производство, и претставува андроген – примател антагонист ( ги спречува андрогените да не се врзуваат со андрогени рецептори). Ципротерон ацетат е добиен од 17 – алфа хидроксипрогестерон и го потиснува хормонот на лутенизација (кој за возврат ги намалува нивоата на тестостерон), ги блокира андрогените од врзување со андрогените рецептори и е слаб прогестин. Порано се користел за третирање на ракот на простатата. Ако се користи на долг временски период со дози од 150 милиграми или повеќе може да доведе до оштетување на црниот дроб. Другите андрогени вклучуваат bicalutamide, flutamide и nilutamide. За разлика од другите лекови погоре, овие не го намалуваат нивото на тестостерон но го спречуваат тестостеронот и дихидротестостеронот од врзување со андрогените рецептори. Поради тоа што овие неколку имаат слаба активност во мозокот не го намалуваат либидото или намалувањето на ерекцијата. Два други видови на андрогени кои ретко се опишуваат како кетоконазоли и циметидин. Кетоконозолите се користат за рак на простатата и хирзутизам. Циметидинот, исто така, се користи кај хирзутизамот. Кетокенозолот го има потенцијалот за труење на црниот дроб по користење на подолг временски период и циметидинот е слаб анти – андроген. Одредени анти – андрогени не го намалуваат нивото на тестостерон ниту пак неговата активност кон ткивата за разлика кај формирањето на метаболитот, дихидротестостеронот. Овие лекови можат да се употребат кога пациентот боледува од губење на косата и/или проширена простата (доброќудна хиперлазиа на простатата). Дихидротестостеронот придонесува кон изведбата и егзацербацијата на истите. Сега, достапни се два вида на лекови за спречување создавање на дихидротестостеронот, finasteride и dutasteride. Нивоата на дихидротестостеронот можат да се намалат 60-75% кое зависи од дозата до 93-94% со последните. GnRH агонисти (гонадотропин – ослободувачки хормон)