1725  Џон Њутон — англиски морнар и свештеник. 1783  Симон Боливар — јужноамерикански борец за независност. Овој ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор. 1802  Александар Дима Таткото — француски писател. 1828  Николај Чернишевски — руски писател, критичар и револуционер. 1860  Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот „Арт нуво“. 1886  Џуничиро Танизаки — јапонски писател. 1921  Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач. 1928  Бранко Хорват - хрватски економист. 1933  Јежи Харасимович — полски поет. 1938  Хосе Алтафини — италијанско-бразилски фудбалер. 1946  Тито Беличанец — македонски правник и универзитетски професор. 1947  Предраг Ејдус — српски и југословенски глумец. 1950  Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка. 1954  Живан Љуковчан — српски фудбалски голман. 1958  Мик Карн — британски рок-музичар. 1961  Максим Федотов — руски виолинист. 1963  Карл Мелоун — американски кошаркар. 1969  Џенифер Лопес — американска глумица и пејачка. 1971  Дино Баџо — италијански фудбалер. 1974  Милан Јуришиќ — српски криминалец. 1975  Рајан Стак — натурализиран македонски кошаркар. 1985  Лукаш Росол — чешки тенисер. 1995  Кајл Кузма — американски кошаркар. 24 јули