Градби – книга од Александар Стерјовски, пензиониран професор на Педагошкиот факултет во Битола. Книгата е издадена од Конзулатот на Република Србија во Република Македонија.
Книгата е опфатена со многубројни податоци и фотографии од градби значајни за Битола и тоа градби за војничка намена (касарни и други воени градби, Џепане, Исљахане, Офицерски дом, Воената болница, аеродромот и многу д-р), цивилни градби како квартот Бајлер Маалеси (Баир), квартот Димитри, објектите на Широк Сокак, еврејските населби. Опфатени се јавните градби кои се од посебна намена како затворите, пошти, школи, градби за стопанска дејност, пазари, Безистенот, Монополот, Царинарницата, Јавните зеленила, друмски и железнички врски, паркови, расадници и стаклени бавчи, битолските гробишта и друго.
Наводи
Категорија:Битола Категорија:Книги од 2020 година Категорија:Дела на Александар Стерјовски Категорија:Книги за Битола Категорија:Појавено во 2020 година во Македонија