Бар во Фоли-Бержер () e слика - масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1882 година. Таа денес е изложена во галеријата Корто во Лондон.
Сликата е богата со детали што даваат индиции за социјалната класа и милје. Жената во барот е вистинска личност, позната како Сузон, која работела во Фоли-Бержер во раните 1880-ти. За неговата слика, таа му позирала на Мане во неговото ателје.
Сликата е од подоцнежниот период на неговото творештво.
Композициски, употребува доста инвентивна постапка, со огледалото, одразот во него и мултиплицирањето на стварноста од предниот план на сликата.
Богата колористички, сликата изобилува со светлина и линиски интервенции кои се дел од импреsионизмотGreat Paintings: A Bar at the Folies-Bergère by Édouard Manet.
Иако многумина, моделот - жената, ја сместуваат во проститутките од париското милје, таа носи одредена тага, психологија, замисленост со која Мане внесува своевидна поетика и социјално-хуманистичка соживеаност со женскиот лик.
Сликата е една од неговите тестаментални креативни творби од неговиот зрел период. Длабока, светла, инспиративна, повеќеслојна низ повеќе аспекти..
Наводи
Надворешни врски
Higher resolution version of the painting The Guardian An essay on this painting from the book Beauty and Terror by Brian A. Oard here The Courtauld Gallery catalogue entry
Категорија:Слики од Едуар Мане Категорија:Уметнички слики од 1882 Категорија:Француски сликари Категорија:Француско сликарство Категорија:Француска уметност Категорија:Француски уметнички слики Категорија:Француски уметници