Мон Агел е планина на границата меѓу Франција и Монако. Врвот на оваа планина, на 1.148 метри надморска височина, се наоѓа на француска страна, но највисоката точка што се наоѓа од страна на Монако, лежи на патеката по име Чевин де Ревоир, на надморска височина од 161 метри.
Историја
На 18 јуни 2011 година, лесен авион се урнал врз Мон Агел, при што загинале двајца Британци. Авионот бил на приватен лет, и патувал од Италија до Троа, Франција. Условите биле магливи.https://www.bbc.co.uk/news/uk-13823227
Мон Агел е местото на голф-клубот Монте Карло, каде порано се одржувал турнирот Монте Карло Опен. Клубот ја прославил својата 100-годишнина во 2011 година.
Рок Агел, купен од Рение III, кнезот на Монако како летна семејна резиденција, е високо на падините на Мон Агел.
Поврзано
Географија на Монако Географија на Франција Список на земји по највисока точка
Наводи
Надворешни врски
Map of Mont Agel, Monaco, MSN Encarta. Chemin des Révoires, Archeo Alpi Maritimi.
Категорија:Планини во Монако Категорија:Планини на Алпите Категорија:Географија на Монако Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Меѓународни планини во Европа