Видлич е планина во Србија и Бугарија, источно од Пирот, помеѓу теченијата на Нишава и Височица, притоката на Темштица (Темске). Највисоки врвови се Басарски камен 1377 м, Велика стена 1329 м, Голем врх 1371 м, Смиловски камен 1348 м. Југоисточниот дел од планинскиот гребен е пресечен со државната граница кон Бугарија. Највисок врв во Бугарија е Вучи баба.
Припаѓа на мезозојската зона на западниот Балканот. Во геолошки и тектонски поглед, Видлич претставува навлака, која е навлечена преку старопланинската зонаАнђелковић М. 1980. Геологија Југославије. Београд: Научна књига. По должината на раседаотна јужната страна се развила низа од удолини: димитровградска, пиротска, ѓурѓевополска и белопаланачка. По должината на раседот е и појас од терми, Даг-Бањица во долината на Градашничка река и Бањица кај Пирот.
Видлич делумно е обешумен без површинско отекување на просторот од 141 км2, неплоден и освен југосточниот дел ненаселен. Овде се наоѓа Јеловичко врело.
1000п|мини|центар|Поглед на Стара планина и Завојско езеро од Козји камен на Видлич
Галерија
Наводи
Литература
Категорија:Планини во Србија Категорија:Планини во Бугарија Категорија:Стара Планина Категорија:Јужна Србија