мини | десно | Урнатините на местото на битката кај Техуда Битката кај Вескера (современа Бискра во Алжир) била водена во 682 или 683 година помеѓу Берберите на кралот Кекилиј и нивните римски сојузници од Картагинскиот Егзархат против омеидската арапска војска под водство на Укба ибн Нафи (основач на Кајруан). Укба ибн Нафи ги водел своите луѓе во експедиција низ северна Африка, на крајот достигнувајќи кај Атлантскиот Океан и марширајќи на југ до реките Драа и Сус. По враќањето, тој бил заседен од берберско-римската коалиција кај Техуда (Табудеос) јужно од Вескера, поразен и убиен. Како резултат на овој уништувачки пораз, Арапите биле протерани од областа на современ Тунис за една деценија.
Наводи
Категорија:Битки во Византиско-арапските војни Категорија:Муслиманско освојување на Африка Категорија:Битки на Умајадите Категорија:Битки на Византија Категорија:682