Горномаалски Рид — археолошко наоѓалиште во кочанското село Зрновци, Општина Зрновци. Претставува некропола од римско време.

Во непосредна близина на Горно маало, на ниска чука со зарамнето плато биле откриени десетина гроба градени од камени плочи. Според кажувањата на селаните, во гробовите биле најдени повеќе искршени керамички садови.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско

Наводи