Ѓурѓевица — археолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани, Општина Градско. Претставува населба од римско време.
Југоисточно од селото, на левиот брег на Водовратска Река и на 1 км десно од современиот пат Велес - Градско (А1), на површина од околу 1 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Има видливи ѕидови од објект со кружна основа, со пречник од околу 13 м, ѕидани од камен и варов малтер.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи