Дијалект () или наречје — разновидност на еден јазик што се зборува на одредена географска област и што не е кодифициран (за разлика од книжевниот јазик). Наречјето се употребува при усно општење, а поретко и писмено. И покрај тоа што дијалектот не е официјално кодифициран, сепак тој си има одредени граматички, фонетски, синтактички и пред сè лексички особености, коишто во помала или поголема мерка го прават поразличен од книжевниот (литературен, стандарден) јазик. Дијалектот на поширока област може да се дели и на поддијалекти, а тие на свои поддијалекти итн.
Науката којашто ги изучува дијалектите се нарекува дијалектологија.
Поврзано Дијалекти на македонскиот јазик
Наводи
* Категорија:Јазични разновидности и стилови