Градиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Габрово кај градот Делчево. Претставува градиште од доцната антика.

На високиот рид што се издига на североисточната страна од селото, на зарамнетото плато се гледаат остатоци од темели на одбрамбен ѕид. Во просторот што зафаќа површина од 120 × 80 м се среќава градежен материјал (камен, малтер и покривни ќерамиди) и фрагменти од питоси и керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — градиште од доцна антика; Скокото — населба од неолитско време; Црквиште — црква од средниот век; Делчево;

Наводи

Категорија:Габрово