Градиште — археолошко наоѓалиште во околината на село Разловци. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 2 км западно од селото, во пределот Конарник, на висок рид со зарамнет простор од 100х90 м се зачувани темели од утврдување. Во внатрешноста на градиштето се гледаат темели од помали објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди.Грозданов, Цветан, Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 130, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцноантичко време; Грнчарица — населба од римското време; Гробишта — населба од доцноантичкото време, старохристијанска црква и некропола; Ошљан Град — утврдена населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; Разловци; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
Категорија:Разловци