Купејнца — археолошко наоѓалиште во охридското село Елшани. Претставува населба од доцноантичко време.
На 8,5 км од Охрид кон Св. Наум (Р1301), од левата страна на патот, а југоисточно од автокампот Елешец, на местата 31, 32 и 33 се утврдени архитектонски остатоци најверојатно од сакрален објект. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. На површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички градежен материјал.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи