Свети Јероним во медитација (ок. 1605 година) - слика на италијанскиот барокен мајстор Караваџо, сега во Музејот Монтсерат, веднаш до манастирот Св. Марија, Монтсерат.Museum of Montserrat. The surprise of art. Barcelona, 2011.

Свети Јероним, пустиник, црковен отец, и одговорен за преводот на Библијата на латински, (Вулгатовата библија) бил популарна фигура во времето на Караваџо, а уметникот го сликал најмалку осум пати (само три преживеале). Дали ова е од личен избор или по барање на покровители е непознато, но тоа му дало можност на Караваџо да го истражи потенцијалот - од перспектива на уметникот - на стара и збрчкана кожа. Тука е прикажан Јероним кој размислува за еден од неговите симболи, черепот, потсетување на неизбежноста на смртта и суетата на световните нешта.

Сликата е веројатно од збирката Џустинијани (збирката на покровителот на Караваџо, банкарот Винченцо Џустинијани и неговиот брат - кардиналот Бенедето). Бенедето собрал голема збирка на религиозни дела од уметникот и Свети Јероним со исти димензии како оваа во џустинијановиот попис од 1638 година.

Животописецот на Караваџо, Питер Роб, истакнува дека затемнувањето, затвореното расположение на оваа слика е неверојатно слично на онаа на Јован Крстител, кој сега е во Канзас Сити во Музејот Нелсон Аткинс, насликана во исто време.

Наводи

Категорија:Слики од Караваџо Категорија:Уметнички слики од 1600-тите