Високо — археолошко наоѓалиште во кумановското село Бајловце. Претставува градиште од средниот век.
Местоположба
Се наоѓа на западната страна, високо над селото.
Опис
На едно зарамнето елипсовидно плато се гледаат остатоци од заштитен бедем речиси по целата негова должина. Во градиштето исто така се гледаат и остатоци од темели на објекти, а има фрагменти од керамички садови и множество расфрлен градежен материјал.
Поврзано Бајловце; и Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.
Наводи
Категорија:Бајловце