Во Селото — археолошко наоѓалиште во кочанското село Лешки. Претставува градиште од доцноантичко време. На просторот од селото, при изградбата на куќите и обработувањето на дворните места биле откриени повеќе објекти. Денес на површината има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Пронајдени се и повеќе монети од III-VI век. Во непосредната близина на селското училиште биле откопани неколку гробови со камена конструкција. Поголем дел од монетите се чуваат кај жител од Кочани.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 177, ISBN 9789989101069
Поврзано
Лешки; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи