Самоклепец — археолошко наоѓалиште во кочанското село Пресека. Претставува објект од доцноантичко време. На околу 200 м источно од старата милиционерска станица се издига мала височинка наречена Самоклепец или Стара Црква, која претставува дел од планинскиот масив. На врвот им црква изградена во 1931 година, и тоа, според селаните, врз темели од постар објект. При изградбата биле најдени римски тули, покривни ќерамиди, два питоса и неколку монети. Еден од питосите сè уште лежи вкопан во олтарот на црквата.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069

Поврзано

Пресека; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи