Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Вранинци. Претставува населба и некропола од Доцната антика и старохристијанска црква. Во непосредната близина на селското училиште, на површина од 200 × 200 м, во селските ниви се откриени темели од повеќе објекти. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На горниот крај на наоѓалиштето има остатоци од старохристијанска црква, а до неа некропола од која се гледаат контурите на десетина гроба.

Поврзано

Вранинци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи