Двата Гроба — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува вила рустика и некропола од римското време. На околу 1 км југоисточно од селото од двете страни на патот за Вешје, по површината можат да се видат обработени плочи од гробови од типот циста. На северозападната страна на наоѓалиштето се наоѓа траса на ѕид, на одделни места висок 1,50 м, широк околу 2,5 м. Овде е најдена и една стела со старогрчки натпис која се чува кај Диме Стојанов од истото село.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 231, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Градиште — населба, храм и некропола од римското време; Голема Страна — населба од доцноантичкото време; Грамади — населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Тополичка Чешма — храм и некропола од римското време; Ќофкарец — осамен наод од римското време.

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан