Пржали — археолошко наоѓалиште во историското скопско село Варвара, денес во атарот на Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува некропола од железното и римското време.
Се наоѓа на околу 500 м источно од селото и околу 3 км западно од селото Батинци, од десната страна на патот што води од Драчево кон Марков Манастир (Р1106), кај утоката на рекичката-поројница Локва Попова во Маркова Река. Во 1995 г. Музејот на Град Скопје извршил заштитни археолошки ископувања на наоѓалиштето, при што се откриени гробови.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско
Наводи