Агитпроп — Скратеница за агитација и пропаганда, најчесто употребувана во политички контекст, преку основање на посебни одделенија кои агитираат и шират пропаганда со одредена цел. Таа води потекло од комунистичкиот период на Русија, но е во употреба во друга форма и до денешен ден во разни земји од светот. Агитпроп, политичката цел знае да ја спроведе и низ литературата, театарот, музиката и уметноста.
Во Македонија Постоело агитациско-пропагандно одделение на КПМ, во периодот од 1943-1944. Преку посебно формирани комисии при организациите на КПМ во градовите и при воените партизански единици на теренот, се вршела агитација меѓу борците и народот за реализација на поставените политички цели.
Членови на Агитпроп-от кај нас биле: Драган Геров, Асан Керим,ДАРМ, фонд, 427, ЦК на КПМ–СКМ, партиски досиеја, бр. на досие 5746А/ К, 95/ 9 Диме Бојановски, Веселинка Малинска, Жамила Колономос, Густав Влахов, Лазар СоколовДАРМ, Фонд Лазар Соколов , К2, Допуна биографије Лазара Соколова, Београд 12 јули 1949 г.,1. и други.
Во светот Покрај Русија, забележани се вакви примери во соседна Бугарија, за време на владеењето на Тодор Живков. Меѓу светски познатите личности од современата политичка сцена кои биле дел од Агитпроп, може да се издвои германска политичарка и поранешен научник, канцеларката Ангела Меркел. Вакви примери сè уште се дел и од уметноста, а за тоа сведочат претставата/филмот/операта „Смртта на Клингхофер“, како и филмот „Судскиот процес за Чикаго 7“, во кој главна улога игра Саша Барон Коен.
Наводи
Категорија:Пропаганда