Фириште — археолошко наоѓалиште кај струшкото село Франгово. Претставува населба и некропола од хеленистичкото и римското време. На околу 1 км северозападно од селото, од десната страна на патот Струга-Франгово, на простор 500 × 100 м, во нивите на Хусеин Шабан, во 1935-1938 година, при орањето биле откриени повеќе гробови со богати прилози. Исто така, според кажувањето на мештаните, овде биле откриени и темели од ѕидови на објекти, ѕидани од кршен камен и варов малтер, како и неколку питоси. Денес на површината се забележуваат фрагменти од керамички садови и плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 400, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кадри Црква — средновековна црква; Машра — доцно средновековна некропола; Фириште - Петрин Дол — населба и некропола од хеленистичкото и римското време; Џепино — населба и некропола од римското време; Франгово; Список на археолошки наоѓалишта во Струшко;
Наводи
Категорија:Франгово