Дела и зборови (француски јазик: Actes et Paroles) - збирка на политички искази на Виктор Иго од 1841 до 1876 година. Ги содржи неговите говори, главно непроменети, и запис за неговата политичка кариера.
Историја Оваа збирка на текстови била објавена по враќањето во Франција на Иго, кој заминал во егзил по државниот удар на Наполеон III од 2 декември 1851 година. Поделен е во три тома:
„Пред прогонството“, 1841-1851 (Avant l'exil) „За време на прогонството“, 1852-1870 (Pendant l'exil) „По прогонството“, 1870-1876 (Depuis l'exil)
Наводи
Надворешни врски
Врска до е-книга
Категорија:Дела на Виктор Иго