Ченгел — историско село во Битолско, денес на територијата на Општина Новаци.

Географија и местоположба Селото се наоѓало на источната падина на Селечка Планина, источно од Битола, меѓу селата Паралово на северозапад, Ивени на североисток, Гнилеш на југозапад и Полог на југоисток. Денес местото е во атарот на Гнилеш.

Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ченгел живееле 95 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чегел се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.

На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ченгел (Tschenghel) имало 80 Македонци под ехзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.

Селото настрадало од грчки андартски напади во 1906 г.

Според други податоци, на почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Во пописот од 1908 г. жителите на Ченгел, заедно со оние на селото Полог се погрешно заведени како „Грци“ поради припадноста кон патријаршиската црква, што предизвикало револт во двете села.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Гнилеш