Света Богородица — главна селска црква во кичевското село Осломеј, Македонија.
Црквата се наоѓа на раскрсницата, каде што се двои патот за самото село и за влезот во РЕК „Осломеј“. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена надвор од селото во јужна насока.
Историја
Црквата била изградена во 1921 година, како што стои и на самиот натпис на црквата. Во 1986 година била обновена и преосветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Според други извори таа започнала да се гради во 1924 година на местото на некое старо црквиште.
Црквата не била осветена до 1997 година, кога бил организиран голем црковно-народен собор.
Архитектура
Во изминатиот период, црквата била обновена и добила нов покрив, а во црковниот двор била подигната трпезарија и камбанарија.
Иконостас
Црквата поседува иконостас, кој бил подарок од Цветан Лазарески и потекнува од 1923 година.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Четврта кичевска парохија Осломеј
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Осломеј Осломеј