Хејл-Бопова комета (формално означена како C/1995 O1) — комета која можеби била најмногу набљудувана во 20 век и една од најсјајните видена во текот на многу децении.

Алан Хејл и Томас Боп ја откриле Хејл-Боповата комета одделно на 23 јули 1995 година, пред таа да стане видлива со голо око. Тешко е да се предвиди максималната осветленост на новите комети со кој било степен на сигурност, но Хејл-Боповата ги исполнила или ги надминала повеќето предвидувања кога го поминала перихелот на 1 април 1997 година, достигнувајќи магнитуда околу -1,8. Таа била видлива со голо око рекордни 18 месеци, двојно подолго од Големата комета од 1811 година, претходниот рекордер. Соодветно на тоа, Хејл-Боповата комета била наречена „Голема комета од 1997“ година.

Наводи

Надворешни врски

CometBase: Comet Hale-Bopp Cometography.com: Comet Hale-Bopp NASA Hale-Bopp page Shadow and Substance.com: Static orbital diagram Comet Nucleus Animation

Категорија:Откритија од аматерски астрономи Категорија:Непериодични комети Категорија:1997 во науката 19950723 Категорија:Големи комети Категорија:Астрономски тела откриени во 1995 година