НБА Ол-стар натпревар 2020 бил егзибициски натпревар одигран на 16 февруари 2020 година. Ова било 69-тото издание на НБА Ол-стар натпреварот, годишен натпревар на најголемите ѕвезди во НБА лигата. Натпреварот се одржал во Јунајтед центар во Чикаго, Илиноис, домот на Чикаго Булс. Ова било трет пат Чикаго да биде домаќин на Ол-стар натпреварот. Другите двапати, во 1973 и 1988, натпреварот се играл на стадионот Чикаго, претходната домашна арена на Булс.
Тренери
Двајцата тренери дошле од двете екипи кои биле лидери во своите конференции до 2 февруари 2020 година, со одредени отстапки. Френк Вогел, тренерот на водечкиот тим на Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс, се квалификувал како главен тренер на тимот Леброн на 23 јануари. Ник Нурс, тренер на Торонто Репторс, се квалификувал како главен тренер на тимот Јанис на 31 јануари. Иако Милвоки Бакс го имале најдобриот рекорд во Источната конференција, нивниот тренер, Мајк Буденхолцер, не бил во можност да се квалификува за тренер на овој Ол-стар натпревар, бидејќи правилата на лигата забрануваат еден тренер да води тим на два последователни Ол-стар натпревари (тој бил тренер во натпреварот во 2019 година).
Играчи Како што било случај и во претходните години, списоците со играчи за Ол-стар натпреварот биле избрани преку процес на гласање. Навивачите можеле да гласаат преку мрежната страница на НБА, како и преку нивната сметка на Google. Стартерите биле избрани од навивачите, медиумите и сегашните играчи во НБА. Навивачите сочинувале 50% од гласовите, а НБА играчите и медиумите сочинувале по 25% од гласовите. Двајцата бекови и тројца играчи од предната линија кои добиле најголем збир во вкупниот број гласови од секоја конференција биле прогласени за „Ол-стар“ стартери, а двајца играчи - по еден од секоја конференција - со најголем број гласови биле избрани за капитени на тимовите.
Главните тренери на НБА екипите гласале за резервите за нивните конференции, од кои ниту еден тренер не можел да избере играч од неговиот тим. Секој тренер избрал двајца бекови, тројца играчи од предниот дел и две вајлд-карти, каде што секој избран играч бил рангиран по редослед во секоја категорија. Доколку требало да се избере играч кои покрива повеќе позиции, тренерите биле охрабрени да гласаат за играчот на позицијата што сметаат дека е „најповолна за Ол-стар тимот“, без оглед која позиција на играчот била наведена на гласачкото ливче.
Избрани играчи
Источна конференција Поз Играч Тим Учество Стартери Б Кемба Вокер 4 Б Треи Јанг 1 К Јанис Адетокумбо 4 К Паскал Сиакам 1 Ц Џоел Ембид 3 Резерви Б Кајл Лаури 6 Б Бен Симонс 3 К Џими Батлер 5 К Крис Мидлтон 2 К Бам Адебајо 1 К Џејсон Тејтум 1 Ц Домантас Сабонис 1
Западна конференција Поз Играч Тим Учество Стартери Б Џејмс Харден 8 Б Лука Дончиќ 1 К Леброн Џејмс 16 К Кавај Ленард 4 Ц Ентони Дејвис 7 Резерви Б Крис Пол 10 Б Расел Вестбрук 9 Б Демијан Лилард 5 Б Донован Мичел 1 К Брендон Инграм 1 Ц Никола Јокиќ 2 Ц Руди Гобер 1
Драфт
+Ол-стар драфт 2020ПикИграчБирал1 Ентони ДејвисЛ. Џејмс2 Џоел ЕмбидЈ. Андетокумбо3 Кавај ЛенардЛ. Џејмс4 Паскал СиакамЈ. Андетокумбо5 Лука ДончиќЛ. Џејмс6 Кемба ВокерЈ. Андетокумбо7 Џејмс ХарденЛ. Џејмс8 Треи ЈангЈ. Андетокумбо9 Крис МидлтонЈ. Андетокумбо10 Демијан ЛилардЛ. Џејмс11 Бам АдебајоЈ. Андетокумбо12 Бен СимонсЛ. Џејмс13 Руди ГоберЈ. Андетокумбо14 Никола ЈокиќЛ. Џејмс15 Џими БатлерЈ. Андетокумбо16 Џејсон ТејтумЛ. Џејмс17 Кајл ЛауриЈ. Андетокумбо18 Крис ПолЛ. Џејмс19 Брендон ИнграмЈ. Андетокумбо20 Расел ВестбрукЛ. Џејмс21 Донован МичелЈ. Андетокумбо22 Домантас СабонисЛ. Џејмс
Состави
+Тим ЛебронПозицијаИграчЕкипаСтартери К Леброн Џејмс К Кавај Ленард Ц Ентони Дејвис Б Лука Дончиќ Б Џејмс Харден Резерви Б Демијан Лилард Не можел да учествува поради повреда на препоните Б Бен Симонс C Никола Јокиќ К Џејсон Тејтум Б Крис Пол Б Расел Вестбрук Ц Домантас Сабонис Б Девин БукерДевин Букер бил избран на местото на повредениот Демијан Лилард. Тренер: Франк Вогел ()
+Тим ЈанисПозицијаИграчЕкипаСтартер К Јанис Адетокумбо К Паскал Сиакам Ц Џоел Ембид Б Кемба Вокер Б Треи Јанг Резерви К Крис Мидлтон К Бам Адебајо Ц Руди Гобер К Џими Батлер Б Кајл Лаури К Брендон Инграм Б Донован Мичел Тренер: Ник Нурс ()
Натпревар
thumb|right|Кавај Ленард, избран за најкорисен играч на натпреварот.
Тим Леброн
Стартери Леброн Џејмс K 18:48 23 10 5 6 1 6 9/20 2/10 3/4 1 Кавај Ленард KЦ 20:21 30 7 4 2 0 1 11/18 8/14 0/0 2 Ентони Дејвис Ц 20:21 20 9 1 3 3 1 9/16 1/6 1/2 3 Џејмс Харден Б 17:31 11 3 6 1 2 2 3/9 3/9 2/4 5 Лука Дончиќ П 17:31 8 1 4 1 0 0 3/6 2/5 0/0 0Резерви Бен Симонс Б 29:18 17 6 5 2 1 0 8/9 0/0 1/2 0 Расел Вестбрук П 27:04 6 3 3 0 0 1 2/10 0/4 2/4 0 Крис Пол К 25:31 23 2 6 0 0 2 8/13 7/11 0/0 4 Девин Букер П 19:00 6 4 0 0 1 4 3/8 0/4 0/0 1 Домантас Сабонис П 19:00 2 6 0 0 0 1 0/1 0/0 2/4 0 Џејсон Тејтум К 13:37 6 1 3 3 0 0 3/8 0/4 0/0 0 Никола Јокиќ Ц 11:58 5 2 1 1 0 0 2/4 1/3 0/0 1
Тим Јанис
Стартери Јанис Адетокунбо K 30:45 25 11 4 1 3 1 12/21 1/4 0/2 4 Паскал Сиакам KЦ 17:33 15 6 0 1 0 1 7/10 0/2 1/2 4 Џоел Ембид Ц 29:10 22 10 1 0 0 2 8/13 0/2 6/8 3 Треи Јанг Б 15:45 10 3 10 0 0 4 4/10 2/6 0/0 1 Кемба Вокер П 29:10 23 3 3 1 0 3 9/18 5/11 0/0 1Резерви Кајл Лаури П 28:14 13 5 8 3 0 3 4/12 1/4 4/4 4 Крис Мидлтон КЦ 23:09 5 1 2 0 0 0 2/7 1/5 0/0 0 Руди Гобер Ц 18:50 21 11 2 0 1 0 10/11 0/0 1/3 0 Донован Мичел Б 14:16 7 5 4 2 1 1 3/10 1/3 0/0 1 Џими Батлер К 12:55 4 3 2 2 0 4 2/2 0/0 0/0 0 Бам Адебајо C 11:40 8 2 1 0 0 1 4/5 0/0 0/0 0 Брендон Инграм К 8:33 2 1 1 1 0 1 1/4 0/3 0/0 0
Наводи
Надворешни врски НБА Ол-стар натпревар 2020 на nba.com
2020