Ворпсведе (; ) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа североисточно од градот Бремен.

Во него се наоѓала жива уметничка колонија од крајот на век, каде работеле над 130 уметници.

Географија Општински единици

На областа на денешната општина Ворпсведе се наоѓале 23 села. Во 1920-тите години, како и во 1936 година, бројни села се споиле едно со друго, поради што бројот се намалил на 8. На 1 март 1974 година останатите седум биле припоени кон Ворпсведе. Овие осум некогаш самостојани општини ги образуваат денешните општински единици на Ворпсведе:Die Ortschaften der Gemeinde Worpswede. In: Website der Gemeinde Worpswede. Abgerufen am 17. November 2014.

Ворпсведе (со Бергедорф, Нордведе, Зидведе, Вајерделен, Вајермор, Верпедал и Ворпхајм) Хитенбуш (со Финфхаузен, Хојдорф и Хитендорф) Мефенштет Ној Занкт Јирген Остерзоде (со Мајнерсхаген и Нордзоде) Плусдорф Иберхам Вакхаузен (со Филанд)

Соседни општини

Соседни општини на Ворпсведе се: на североисток е општината Гнаренбург, на исток се општините Бредорф, Хепштет и Тармштет, на југ се општините Грасберг и Лилиентал, на запад е градот Остерхолц-Шармбек и на северозапад е општината Фолерзоде.

Историја

Подрачјето на населбата има старини до бронзеното време. Првпат населбата е спомената во 1218 година, кога припаѓала на Архиепископијата Бремен.

Во 1630 година била окупирана кратко време од Шведска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое било владеено во личен сојуз од Швеѓаните и од 1715 година од Хановерската династија. Меѓутоа, поминале уште 120 години додека не била започнала колонизацијата на мочурливиот дел на Тојфелсмор од страна на Јирген Кристијан Финдорф со дренажа. Во 1823 година, Војводството било распуштено и територијата станала дел од новата област Штаде.

Култура

Ворпсведе е познат на национално ниво по својата традиција како уметничка колонија. И денес во него творат околу 130 уметници, живеејќи во него постојано. Исто така, има бројни музеи и уметнички галерии.

Познати луѓе

Герхард Хауптман — текстописец Рудолф Кортокракс — сликар Фриц Макензен — сликар Томас Ман — писател Паула Модерзон-Бекер — сликарка Ото Модерзон — сликар Рајнер Марија Рилке — писател Хајнрих Фогелер — сликар Клара Вестхоф — вајарка

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Остерхолц